17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Спектакуларен пречек: Погледнете каков дочек му приредиле на Путин во Анкара (Видео)

Рускиот претседател Владимир Путин денес е во Анкара, каде се состанува со претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган.

За рускиот претседател во главниот град на Турција е приреден величенствен дочек. На улица се извадени коњаници, а тука била и неизбежната почесна гарда која била построена пред двајцата претседатели.

Една од главните теми е разговорот за продажба на руските системи за противракетна одбрана С-400 на Турција поради што Вашингтон на Анкара и се заканува со санкции.

Путин престојува во Анкара во рамки на својата прва посета на некоја земја откако повторно е избран за претседател на изборите 18 март.