17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Невиден ужас: Задавила 20-годишна трудница, па и го земала бебето и го претставила како свое

Возрасна жена наводно задавила 20-годишна девојка, по што и го земала бебето расекувајќи го нејзиниот стомак, и го претставила како свое дете. Ова го направила за да го прикрие нејзиниот абортус.

Синтиа Фатима ја намамила Џесика Габриела во својата куќа во мексиканската држава Тамаулипас, пред да ја убие.

Фатима е уапсена заедно со сопругот Омар Ерикуеро, на кого не му кажала за аборусот.

Габриела ја запознала Фатима преку социјалните мрежи, а ја запознала со ветување дека ќе и подари детска облека, пишуваат локалните медиуми.

Фатима контактирала неколку трудници на социјалните мрежи за да се обиде да ги убие и да им ги „украде“ бебињата.

Се обидела телото на бебето да го претстави како свое, за мажот да не се посомнева дека пред неколку месеци го изгубила детето.

Фатима живеела со своите три деца, додека сопругот подолги временски периоди работел во друг град.

Обвинителот се уште не дал официјална изјава, а не е познато и како Фатима го исекла детето од трудничкиот стомак.