10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Груевски: Во тренд е за сè да ме обвинуваат

Денеска по одложувањето на судењето за случајот „Титаник“, експремиерот Никола Груевски даде изјава во која рече дека во тренд е тој да биде обвинуван.

„Се чувствува притисокот врз судите. Имам 3 часа да прочитам десетици илјади страници. На тоа судијата немаше одговор. Судијата е под притисок. Денеска прва вест е ‘Титаник’, а втора вест е името.

Секој ден сме на рочишта, без да ни се даде право на одбрана. Во тренд е за сè да бидам јас обвинет.

Дневно измислуваат по 2-3 работи за да не се говори за друго“, истакна Груевски.

Инаку, адвокатите на обвинетите во случајот „Титаник“ побараа да биде одложено денешното судење, како и рочиштата за цел април. Причината, како што наведоа, е за да направат увид во списите на предметот. Според нив, станува збор за огромен доказен материјал.
Судот им го прифати барањето до 12 април да може да прават увид во списите на предметот. Закажани се нови 5 рочишта во мај.