17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Синоптичарите излегоа со најнова метео прогноза: Нека не ве лаже сонцето, она што следува од сабота ќе ве изнеанди

Утре и во сабота преку денот ќе се задржи сончево и топло време со натпросечни дневни температури, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка на планините.

Во сабота кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи.

Во ноќта кон недела врнежите ќе се интензивираат и на места ќе бидат поројни.

На највисоките планини ќе има и врнежи од снег.

За време на викендот ќе дува засилен ветер, во сабота од јужен, а во недела од западен правец (над 70 км/час).

Во недела и понеделник дневната температура ќе опадне зa околу 5 степени, а потоа повторно ќе биде во пораст.