17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мисовски го прекина Заев среде говор – тој се повлече на своето место

Потпретседателот на парламентот, Горан Мисовски, го прекина премиерот Зоран Заев додека тој одговараше на прашање од пратеникот Амди Бајрам за лековите.

-На тоа прашање одговори министерот за здравство и пратеникот рече дека е задоволен од одговорот. Извенете, но не смееме да го кршиме Деловникот, му порача тој, а Заев се повлече на своето место.

Инаку денеска во Собранието на дневен ред е седницата за пратенички прашања.

Ваквата седница е практика да се оддржува во последниот четврток од секој месец.

На оваа седница не присуствуваат пратениците на ДПМНЕ.