14.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ја изнајмувал 4-годишната ќерка за „забава“: Осуден на 60 години затвор

Ендру Турли (30), кој ја запрепастил јавноста со оглас во кој ја изнајмува својата четиригодишна ќерка за сексуални услуги, осуден е на 60 години затворска казна.

Имено, тој преку популарниот интернет огласник Craiglist во 2015 година објавил оглас под назив „Играј си со татино мало девојче“, пренесе Вашингтон Пост.

Не знаејќи дека се допишува со полицајци на тајна задача, Турли им понудил секс со малолетната ќерка. Им напишал дека девојчето е помладо од 10 години, на кое ќе и даде таблети за спиење пред самата средба.

Барал 1.000 долари во замена за два часа дружење со детето. Напишал и дека девојчето е „можеби е малку премало за полов однос, но дека се останато е ОК“.

Полицаец во цивил дошол на договорената средба во куќата на Турли. Мажот ги преброил парите и потоа го испратил полицаецот до собата во која лежело девојчето во бесвесна состојба.

„Овој случај ми го скрши срцето. Таткото би требало да биде заштитник, а не предатор“, рекол еден од обвинителите кои едногласно одлучиле дека Турли претставува опасност за малолетната ќерка.