23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Саудиска Арабија пресретна ракета испалена од Јемен

Саудиските воздухопловни сили пресретнале ракета над североисточниот дел на престолнината Ријад, објави саудиската државна телевизија.

Според информациите, ракетата ја испалиле хутските бунтовници од Јемен.

Како што пренесува „Ројтерс“, новинарите на саудиската државна телевизија слушнале неколку гласни удари и виделе чад во воздухот. Друг сведок, кој британската агенција не го именува, рекол дека видел голем зрак светлина по наводната експлозија.

Државната агенција на Јемен, САБА, која е под контрола на движењето Хути, наведува дека ракетните сили го гаѓале маѓународниот аеродром во Ријад со ракетата Буркан -Х2.

САБА тврди дека се испалени и друг вид ракети на аеродромите во градовите на југот од Саудиска Арабија – Абха, Џизан и Наџран. Саудиските власти не биле достапни за коментар.

Над 10.000 луѓе се убиени во Јемен од март 2015 година, кога коалицијата предводена од Саудиска Арабија покрена воена кампња против шиитските бунтовници Хути.