22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Истрчаа за да ја подигнат свеста за важноста на спортот за децата со Даунов синдром

Во Градскиот парк во Скопје, пред Школка, во тек е Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром. Дечињата со своите семејства истрачаа низ градскиот парк и се дружат околу платото на Школка.

Трката е организирана од Мечувалечкиот клуб Ескрим со цел да ја подигне свеста за децата со Даунов синдром и да ги поттикне спортските центри и клубови да им овозможат на децата да се вклучат во спортот и да им обезбедат еднаков пристап до него.

Со ова покрај очигледните придобивки од спортот и здравиот живот, на децата со Даунов синдром ќе им се отворат вратите за социјализација и живот без предрасуди.

Децата беа наградени со медали и охрабрени да продолжат и натаму со спортот и да го развиваат натпреварувачкиот дух.

Целта на трката е да се запознаеме со бенефитите за децата и да им се дадат поддршката која ја заслужуваат.

Спонзорирано: