16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

„Порнхаб“ на студентите им нуди стипендија од 25 илјади долари – еве и зошто

Центарот „Sexual Wellness“ на „Порнхаб“ нуди стипендија од 25 илјади долари со која би финансирале студентски истражувања за човечката сексуалност.

– Од отварањето 2017 година, центарот Sexual Wellness објави стотици статии кои ги напишале десетици лекари и советници специјализирани за различни аспекти на сексуалното здравје.

– Од биолошки до социјални сфери на сексуалниот живот, под водство на др Лаури Бетито, центарот на „Порнхаб“ се гордее со тоа што нуди совети и консултации за тоа како да станете посреќни, поздрави и поодговорни кога станува збор за сексот, стои на страницата на центарот.

– Токму во тој дух, ја претставуваме стипендијата за сексуални истражувања. Со цел поттикнување на академската работа, оваа стипендија од 25 илјади долари е создадена со цел пронаоѓање на нови методи, решенија и одговори на моменталните прашања кои се однесуваат на човечката сексуалност, велат од „Порхаб“.

Пријавите траат до 1 мај оваа година, а можете да се пријавите преку образец на страницата.

Спонзорирано: