22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Скриена камера фатила куче како прави нешто што никако не би смеело (Видео)

На миленичињата омилено хоби им е нушкање во нашата храна. Некои сопственици успеале да ги научат своите кучиња и мачки да не се вртат околу масата за време на јадење, а некои се откажале од тоа.

Но, секој сопственик понекогаш попушта и на својот миленик му дава и работи кои не би требало да се најдат на неговото мени.

Кучето од видеото во прилог го допрело „забранетото овошје“. Неговата сопственичка работела на лаптоп, а на ормарот оставила шолја кафе.

Кога излегла од просторијата, кучето не можело да се воздржи па го испило кафето на сопственичката. Подоцна се правело како ништо да не се случило, а се надеваме дека кофеинот не го удрил во глава…

Спонзорирано: