12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Носите крст како приврзок на вашиот клуч – после ова веќе никогаш нема да го правите тоа

Папата апелира до верниците да не носат приврзоци со симболот на христијанството

Распетието е религиозен симбол што треба да се „почитува и разбира“, а не да се комерцијализира, рече папата Франциско на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Папата изјави дека распетието е свет симбол кој не треба да се злоупотребува така што ќе се третира како декорација или моден детаљ.

„Сликата на распнатиот Исус ја открива тајната на смртта на синот како врховен чин на љубовта, извор на живот и спасение за човештвото“, рече папата Франциско.

Како јас гледам на распетието? Како на уметничко дело, дали е убаво или не? Или го гледам внатрешното значење, низ раните на Исус кои одат до срцето? Гледам во тајната на Бог уништен до смрт, како роб, како криминалец, рече папата.

Според неговите зборови, Исус јасно ставил до знаење дека крстот, смртта и воскресението се плоден чин. „Неговите рани нè излекуваа – тоа е плоден чин кој ќе им донесе добро на многумина“, вели папата.