12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата ќе расправа за гасификацијатa и Законите за оружје и катастар

На дневниот ред на 60-тата редовна седница на владата, која ќе почне денеска, по завршување на 59. тематска седница посветена на младинските политики, ќе се најде информацијата за можноста за изменување на Законот за катастар на недвижности во насока на подобрување на квалитетот на податоците запишани во катастарот на недвижности, вклучувајќи го и механизмот за отстранување грешки од страна на Агенција за катастар на недвижности, и за намалување на процентот на незапишани права во катастарот на недвижности.

На денешната владина седница ќе биде разгледана и информација за рокот на реализација и проблемите при реализација на сите проекти од примарната гасификација, како и за секундарното гасифицирање во државата.

На предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата ќе расправа и за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за оружје.

На оваа 60. редовна седница на Владата на дневен ред ќе се најде и информација за имплементацијата на Националната стратегија за вработување на Република Македонија 2016-2020 година, како и информацијата за воведување професионална рехабилитација на лица со попреченост.