12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Раздвижено во Владата – во секој момент се очекува обраќање на премиерот Зоран Заев

Денеска во Владата на Република Македонија се оддржува тематска седница посветена на младински политики кои Владата ги имплементира и ќе ги имплементира во иднина.

На оваа седница и претходеа серија на отворени координативни средби, организирани и координирани од страна на Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Владата на Република Македонија, кои преку средбите и широка јавна расправа, отворија простор за предлог политики на младинските организации.

На седницата, покрај младинските политики кои ги имплементира Владата, заедно со претставници на младинските организации, ќе ги разгледуваат доставените, предлог – политики, посветени на унапредување и подобрување на животот на младите во земјава.

По завршувањето на седницата, премиерот Зоран Заев, ќе одржи прес-конференција, со почеток во 14:30 часот, во Медиа центарот во Владата на Република Македонија.