12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Единствена Македонија: Иванов да ја спречи јазичната федерализација

Политичката партија Единствена Македонија го поддржува претседателот Ѓорге Иванов во намерата да не го потпишува законот за употреба на јазиците. Партијата на Јанко Бачев смета дека штом Иванов тврди дека законот е закана за уставниот поредок, тогаш како претседател е должен да го почитува Уставот.

„Единствена Македонија го подржува претседателот Иванов во одлуката да спречи јазична федерализација како преодна етапа за територијална федерализација или до кантонизација според мапата на британскиот амбасадор Чарлс Гарет што му ја покажал на Иванов при нивната средба во претседателската резиденција на Водно. Дотолку повеќе, Иванов на 26 декември лани во годишното обраќање во Собранието рече: „Законот за јазиците не претставува закана по македонскиот јазик, туку тој претставува закана по унитарноста на државата. Законот го крши Уставот на Република Македонија“. Оттука, ако Иванов вели дека двојазичниот закон е закана за уставниот поредок, тогаш како претседател е должен да постапи според уставната одредба, со која, пред преземањето на должноста претседател се заколна и обврза на почитување на Уставот“, смета Единствена Македонија.

Политичката партија во соопштението испратено до јавноста истакнува дека Иванов да не дозволи да го потпише указот, па да остави Уставниот суд понатаму да се изјасни.

„Иванов да не наседнува на ефтините трикови на Зоран Заев и Талата Џафери првин да го потпише указот, а потоа Уставниот суд да се изјаснува, оти, прво, штом еднаш законот заживее, Уставниот суд дополнителни и да утврди негова неуставност, нема институционална моќ што може да им одземе веќе стекнато право на Албанците кои 27 години не фермаат устав и ја тераат големоалбанската агенда со владеачката партија „Погреб за Македонија“ составена од ВМРО, СДСМ и ДУИ, и второ, простата вистина вели дека доколку се растура државата сите ќе не затрупа во неа и било каков Уставен суд дополнително нема да го спречи тоа“, смета Единствена Македонија.