17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Жбогар очекува законот за јазиците да биде испратен до Венецијанската комисија

Донесувањето на законот за јазици ќе ги подобри односите меѓу зaедниците и ќе ја врати земјата на реформската агенда, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар. Тој додаде дека ЕУ е оптимист во спроведувањето на законот и очекува тој да биде испратен до Венецијанската комисија.

Жбогар на прес-конференцијата по посетата на Гостивар порача и дека законот е важен за Албанците кои на него гледаат како последниот чекор, кој произлегува од Охридскиот рамковен договор. Жбогар смета дека со донесувањето на законот, Албанците се чувствуваат поценети и прифатени во општеството и самата земја.

„Јас разбирам дека Законот за употреба на јазиците е многу важен за Албанците и сите тие го гледаат како последниот чекор, последниот Закон кој произлегува од охридскиот Рамковен договор. За самите Албанци овој закон е многу важен затоа што со усвојувањето на овој закон тие се чувствуваат ценети, тие се чувствуваат прифатени во општеството и во самата земја. Мислам дека и мнозинската заедница во овој случај не би требало да се почувствува дека на било кој начин нивните права се загрозени“, вели евроамбасадорот. Во однос на спорот за името, тој наведе дека преговорите со Грција одат во добра насока, а ЕУ нема да се ангажира директно врз процесот.