17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
UncategorizedМАКЕДОНИЈА

Снег го затрупа регионот – Големо снежно невреме и камен студено време доаѓа кон Македонија

Цела Хрватска побеле денеска по обилните врнежи на снег кои формираа покривка од 20-тина см во одредени места.

Според информациите снежен бран се најавува и во Србија и Македонија.

Податоците говорат дека најмногу снег паднало во местото Плитвице односно 20-тина см, а во Госпиќ дури 17 цм.

Снежното невреме се очекува да се прошири и во останатите региони во Хрватска, Србија и Македонија.

Невообичаеното зимско време на самиот старт на пролетта ќе трае речиси цела недела.

Инаку до македонското УХМР најавуваат дека утре ќе биде претежно суво со умерен до засилен западен ветер особено на југозападот.

Во среда повторно ќе има врнежи кои ќе се поинтензивни на запад и потоа ќе се прошират кон север, а врнежите ќе се од снег понекаде во овие подрачја и на 1500 метри.

Од ноќта кон четврток ќе има значително заладување поради што врнежите кои од ноќта ќе се прошират од запад кон исток при тоа ќе поминуваат од врнежи од дожд во врнежи од снег.

Во четврток од ноќта и претпладне ќе има појава на замрзнат дожд на патиштата, а преку денот на југоистокот врнежите ќе се од дожд.

Врнежи со помал интензитет се очекуваат и во петок кога ќе е најстудено и тие ќе се претежно од слаб снег.