24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

И Жерар Депардје гласаше на изборите во Русија

Францускиот глумец Жерар Депардје, кој е руски државјанин од 2013 година, денеска гласаше во Париз за претседателските избори во Русија. Ваквата информација ја потврди руската амбасада во Париз.

Амбасадата на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук објави фотографија од филмската ѕвезда како го става гласачкото ливче во кутијата.

„Не сакам да ме вознемируваат додека ја извршувам својата граѓанска должност“, вели Депардје во видео снимка која ја објавија франциските медиуми.

Шеесет и деветгодишниот Депардје доби руско државјанство во 2013 година и тоа лично од претседателот Владимир Путин, кој се очекува да добие уште еден мандат на чело на руската држава.

Спонзорирано: