25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Бесплатен престој на деца на самохрани родители во детските градинки во Штип

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ја промовираше мерката за бесплатен престој на деца на самохрани родители во детските градинки.

„Во предизборната кампања најавивме дека децата на самохраните родители во Општина Штип ќе посетуваат градинка бесплатно. Тоа денеска го овозможуваме заедно со двете градинки во општина Штип, ‘Вера Циривири Трена’ и ‘Астибо’. Ова значи дека Општина Штип заедно со двете детски градинки им овозможуваат на 52 дечиња коишто ги посетуваат моментално овие две градинки да имаат бесплатен престој,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Со програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2018 година за оваа активност од советот на Општина Штип се одобрени вкупно 1.080.000 денари.