17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ ја задуши медиумската слобода, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ

Правдата и демократијата заминуваат од Македонија. СДСМ ја задуши медиумската слобода. Јавноста e сведок на секојдневна цензура, притисоци и закани врз медиумите во државата. Ова се обвинувањата на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, која вели дека владејачкиот СДСМ ветуваше слобода, а донесе замолкнување на медиумите. Според партијата, се изрекуваат затворски казни за искажан став, се цензурираат емисии, а државни функционери навредуваат и заплашуваат новинари.
Власта на СДСМ декларативно се залага за демократија, но во реалноста нема ништо од тоа. Се кршат правата и слободите загарантирани со Устав, без никој да преземе одговорност за тоа.  СДСМ и Заев секој ден сè повеќе го покажуваат својот недемократски карактер. Теророт и партиската контрола на СДСМ врз новинарството е само продолжение на теророт што се спроведува против слободата на говор и политичките неистомисленици на оваа власт. Патриотите што први се спротивставија на катастрофалните и антидржавни политики на СДСМ станаа жртва на политички прогон и монтирани и неосновани обвиненија за тероризам. Правосудните органи, наместо да работат во интерес на демократијата и владеење на правото, работат под диктат на СДСМ. Власта ги зароби судството и Обвинителството и преку нив врши политички прогон на сите што не се согласуваат и ги критикуваат политиките на Заев и СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Опозициската партија вели дека политичкиот прогон што се спроведува во Македонија мора да запре веднаш. Од таму додаваат дека треба институциите што побргу да се ослободат од стегите на власта на СДСМ и да застанат на страната на правото и демократијата, а патриотите да бидат ослободени од неоснованите и монтирани обвиненија.
„Колку побргу си замине СДСМ од власт, толку побргу ќе се вратат демократијата и слободата во Македонија. Наместо власт што ја дефокусира јавноста со закани, притвори и неосновани обвиненија на невини луѓе, граѓаните заслужуваат власт што ќе ги решава нивните проблеми и ќе работи за доброто на државата“, додаваат од партијата.
Спонзорирано: