16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Страшна сообраќајка со повредени во Македонија – Ова се официјалните детали

Денеска во 12,30 часот на патниот правец Битола – Прилеп, пред село Тополчани, се случила сообраќајна незгода.

Несреќата се случила меѓу патничко моторно возило “Мерцедес” со ресенски регистарски ознаки, управувано од С.В.(66) од Ресен, и товарно моторно возило “МАН” со струмички регистарски ознаки, управувано од В.М.(46) од Берово.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило С.В., кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Битола, додека на возачот од товарното возило констатирани му се телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

Спонзорирано: