24.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Компанија на вработените им плаќа 300 денари дневно ако на работа доаѓаат со велосипед

Директорот на една компанија во новозеландски Крајстчрч смета дека дополнителните вежби и заработката ќе внесат нов полет во вработените, пренесе Гардијан.

Агенцијата за огласување „Make Collective“ покренала иницијатива во желба да го подигне нивото на енергија на своите вработени и да ја намали градската зависност од автомобили.

Вработените кои на работа доаѓаат со велосипед секој ден ќе заработат дополнителни 5 новозеландски долари (околу 300 денари), а износот по шест месеци постојано возење велосипед ќе се зголеми на десет долари. Бонусот ќе им се исплаќа во една исплата на крајот од годината.

Со овој потег, директорот се надева дека вработените ќе имаат повеќе енергија и желба да ги завршат работите.