12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Јадете го ова и ќе бидете „здрави како дрен“

Со овој витамински оброк ќе бидете „здрави како дрен“: Салата од јаболка, цвекло и морков

Не треба посебно да се нагласува за лековитоста на комбинацијата која се користи во подготовка на оваа салата.

Цвеклото е единствено поради високата содржина антиканцерогени материи и каротеноид. За морковот можеме да кажеме дека е богат со бета каротен, по што следат витамин К, витамин Ц, витамин Е, витамин Б1, Б2, Б3, Б6, фолна киселина, фосфор, калиум…

Состојки: 150 гр изрендани јаболка, 100 гр свежо цвекло, 100 гр свеж морков, јаболков оцет, сол, бибер, свежо нане

Начин на подготовка: Крупно изрендајте цвекло, морков и јаболко. Зачинете со сол, бибер и оцет и посипете со нане.