7.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Пронајдено шише со порака старо 132 години

Една од најстарите пораки во шише на светот, напишана на германски јазик, пронајдена е на плажа на западот на Австралија.

Поминале 132 години откако шишето било фрлено во Индискиот океан. Шишето го пронашла Австралијката Тања Илман на 21 јануари оваа година додека шетала по песочните плажи на островот Ведџ на 180 километри северно од Перт.

„Изгледаше како прекрасно шише па го подигнав мислејќи дека добро ќе изгледа на мојата полица за книги“, рекла Илман.

„Девојката на мојот син ја откри пораката кога се обиде да го истресе песокот од шишето. Пораката беше влажна, свиткана и врзана со конец“.

„Ја исушивме и кога ја отворивме видовме дека е пишувана на германски, со блед германски ракопис“, Датумот на пораката бил 12-ти јуни 1886 година.

На задниот дел на пораката пишувало пронаоѓачот да ја врати пораката во германската морнаричка опсерваторија во Хамбург или во најблискиот германски конзулат.

Шишето е фрлено од германскиот брод „Паула“ во рамки на експеримент на германската морнарица со цел подобро разбирање на океанските струи.

Спонзорирано: