17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повеќе од пет тони кокаин запленети во Колумбија

Повеќе од пет тони кокаин се запленети во Колумбија кај границата со Панама.

Колумбиското Министерство за одбрана соопшти дека воената морнарица и полицијата заплениле 5,2 тони кокаин во Ураби, подрачје што се смета за седиште на главниот наркокартел кланот Дел Голфо, со кој командува Дарио Антонио Узуга, најбараниот дилер со дрога во Колумбија. САД за неговото апсење нудат пет милиони долари.

Овој картел го формирале припадници на паравоената формација на екстремната десница, која била демобилизирана во 2006 година. На почетокот во него имало 4.000 члена, а по владината офанзива во 2015 година во него останале 1.100 луѓе, навело Министерството.

Во последните три години во Колумбија се запленети повеќе од 200 тони кокаин во вредност од шест милијарди долари.