24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Инцидент во скопски хотел: Се сомневала дека момчето ја изневерува, викала по вработените, сакала да ја види книгата на гости

Девојка која се сомневала дека момчето ја изневерува, во саботата направила хаос во хотел во Скопје, пишува Република.мк

Таа побарала од вработените на рецепција да ја информираат дали момчето со кого била во врска престојува во една од собите на хотелот, но рецепционерите одбиле да одговорат на нејзините прашања.

Таа упорно барала да ја види книгата на гости, но откако повторно била одбиена, девојката почнала вербално да се расправа и гласно да вика.

Одговорните од хотелот побарале да го напушти објектот, но таа одбила, по што биле приморани да повикаат обезбедување.

Кратко потоа проблематичната девојка брзо заминала од објектот, додава Република.

Спонзорирано: