7.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Државата ги забранува песните во кои се споменува алкохол и љубов

Турскиот претседател Реџеп Ердоган наредил забрана на песни во кои се споменуваат алкохол и љубов на државната телевизија на Турција.

„Секоја вечер вотка, ракија и вино, што повеќе пиете, станувате полуди и потажни“, гласи стих од популарна турска народна песна, која воглавно се пее на свадби и прослави, но тоа, очигледно, му смета на Ердоган.

Турскиот претседател со уредба таа песна ја „протерал“ од турската државна телевизија ТРТ. Ердоган ја забранил песната сметајќи ја „неморална и непримерна“, јави ДВ.

ТРТ поради „непримерна содржина“ забранила емитување на 202 песни, што предизвикало лутина кај гледачите.

Освен песните во кои се споменува алкохол, на листата забранети се нашле и некои популарни љубовни песни.

Забранети се и 66 курдски народни песни кои се квалификувани како „политички“.

Спонзорирано: