24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Механичка шума во Сингапур: Ја смислиле властите како би донеле зеленило во градот

„Механичка шума“, сместена во центарот на Сингапур, претставува вистинско светско чудо. Целта на овој необичен парк е да се збогати градот со зеленило.

Шумата се состои од 18 стебла, високи педесет метри, кои „се однесуваат“ како вертикални градини.

На нив растат разни билки како орхидеи, папрати… На посетителите им е овозможено да се качат на нив и да го разгледаат градот.

Проектот го осмислила владата на Сингапур како би го подобрила квалитетот на животот во градот. Украсните стебла ноќе светат, а преку ден впиваат енергија преку соларен систем.