17.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
СВЕТ

Парламентарни избори во Италија, на сцената се враќаат познати политичари

На парламентарните избори во Италија отворени се бирачките места, а право на глас имаат околу 50,7 милиони Италијанци. Гласачките емста се затвораат во 23 часот по локално време.

Поранешниот сојуз на партиите од десниот центар, на чие чело е некогашниот премиер Силвио Берлускони, би можел да освои најмногу пратенички места, но не и парламентарно мнозинство, пренесува Ројтерс.

Според анкетите, движењето „Пет ѕвезди“, насочено кон естаблишментот, би требало да биде поединечна партија со најмногу освоени гласови, а владејачката Демократска партија е на третото место на овие избори.

Овие избори би можеле да донесат враќање на добро познати политички имиња, како што е Берлускони или Матое Ренѕи или пак една нова неизвесност.