25.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На слеп човек од државата му понудиле вработување како возач на автобус

Невработен Словенец со оштетен вид добил порака од тамошниот Завод за вработување итно да се јави на конкурсот за возач на автобус. Одговорните од институцијата веднаш му се извиниле откако тој објавил на социјалните мрежи каде што напишал и дека неговиот вид е 100 отсто оштетен и дека како таков не е способен за таква работа.

Себастијан Каменик изјавил за телевизијата „Поп ТВ“ дека кога бил млад сакал да стане возач на автобус. Таа желба речиси му се остварила. „Наречете го тоа трагикомично или морбидно, како сакате“, рекол тој.

„Сфаќам дека службениците во Заводот си ја вршат својата работа и рутински испраќаат пораки за слободни места затоа што мора да ги исполнат своите квоти. Но би било логично тој што ги дистрибуира понудите да ги испрати само на оние кои се адекватни“, рекол Каменик.

Тој вели дека неговиот случај не е единствен. Откако јавно ја кажал неговата приказна, му се јавиле и други лица со оштетен вид кои рекле дека биле повикани за работни мести во месари, пилани, па дури и во војска.

фото Илустрација