21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Студ ќе ја окова Македонија: УХМР излезе со најново метео предупредување

Утрово ќе биде многу студено, речиси насекаде температурата ќе се спушти под -10 степени.

На некои места и под -15 степени.

Во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од снег, кои до петок претпладне на некои пониски места ќе поминат во дожд.

Локално ќе има и појава на замрзнат дожд.

Во петок попладне врнежите насекаде ќе бидат од дожд.

За време на викендот се уште ќе има слаб локален дожд, но ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка.