21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шојгу предлага формирање комисија за ситуацијата во Рака

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу предложи формирање меѓународна комисија која ќе ја проценува хуманитарната ситуација во сирискиот град Рака. Шојгу предлогот го упати до специјалниот известувач на Обединетите нации за Сирија, Стефано де Мистура.

Документот предлага отворање хуманитарен коридор од Ел Танфа и Рукбан, како и воспоставување меѓународна комисија за хуманитарна ситуација во Рака. Во него се наведуваат и мерките кои се спроведуваат според инструкциите на рускиот претседател Владимир Путин, дадени на рускиот центар за помирување на завојуваните страни.

Според документот, хуманитарните паузи се прават недалеку од населбата Дума и Арбил, за да се спроведе евакуација на цивили од Источна Гута.

Сириската војска ги прекина нападите над терористите во текот на хуманитарната пауза, се наведува во соопштението и се додава дека хуманитарниот коридор за цивили е подготвен недалеку од населбата Ел Вафиден. Портпаролот на руското министерство за одбрана во вторникот ја опиша ситуацијата во Рака како хуманитарна криза, која ја игнорираат коалициските сили предводени од САД.

Во воздушните напади уништени се повеќе од 80 отсто од зградите, а станбените подрачја немаат вода ниту струја. Во моментот во Рака се наоѓаат околу 40.000 луѓе. Околу 60.000 бегалци присилно држат екстремисти во кампот Ел Рукбан, недалеку од подрачјето под контрола на коалициските сили предводени од САД.