17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Рекордна вработеност во Германија

Невработеноста во Германија во февруари се намали повеќе од очекуваното, додека вработеноста достигна рекордно ниво во јануари.

Невработеноста, според официјалните податоци на германскиот завод за статистика, паднала за 22 илјади на 2,39 милиони луѓе, што е поголем пад од проектираното намалување за 15.000 луѓе.

Стапката на невработеност се задржала на 5,4 отсто во февруари, што е најниско ниво од 1990 година, соопшти германската федерална канцеларија за турд.

Истовремено, вработеноста порасна на рекордни 44,54 милиони луѓе во јануари.