17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Почна прекинот на огнот во Источна Гута

Денеска почна првото петчасовно хуманитарно примирје во Источна Гута во Сирија, по вчерашната иницијатива на Русија. Прекинот на огнот ќе биде од 9 до 14 часот по локално време, а целта е да се избегнат цивилни жртви. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вчера изјави дека по наредба на претседателот Владимир Путин од денеска во енкллавата Источна Гута се воведува секојдневен петчасовен хуманитарен прекин на огнот. За извлекување на цивилите од Источна Гута предвидено е да биде отворен хуманитарен коридор.

Белата куќа синоќа повика на „итен прекин“ на офанзивните операции во Сирија, предупредувајќи ги сириските владини сили дека „терорирзираат стотици илјади цивили со воздушните, артилериски, ракетни напади како и копнен напад кој е на повидок“.

Повеќе од 500 луѓе загинаа во нападите во реонот на Источна Гута, а активистите во неделата соопштија дека се сомневаат дека бил извршен и напад со отровен гас.
Источна Гута е предградие на Дамаск, кое од 2013 година е под контрола на бунтовниците. На оваа територија, опколена од владините сили, живеат околу 400.000 лица.

Советот за безбедност на Обединети нации во саботата едногласно усвои Резолуцијата 2401 со која се бара 30-дневно примирје низ Сирија за да се овозможи пристап до хуманитарната помош и медицинска евакуација.