14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Познатиот актер доживеа срцев удар среде стенд ап шоу

Познатиот американски режисер, комичар, актер и сценарист, Кевин Смит, преживеал „тежок срцев удар“ во неделата навечер.

Смит (47) е најпознат како автор на култниот филм „Clerks“ („Продавачи“) и како креатор на легендарните филмски ликови Џеј и Тивкиот Боб.

Веста ја објави на својот Твитер профил со фотографија од болнички кревет.

Притоа Смит објаснил дека нападот се случил за време на негово стенд-ап шоу.

„По првото шоу вечерва имав тежок срцев удар. Докторите кои ми го спасија животот рекоа дека предната артерија ми била целосно блокирана“, напишал актерот на социјалната мрежа.

„Доколку не го откажев второто шоу и не отидев во болница, веројатно немаше да ја преживеам вечерта. Засега сум се уште над земја“, додава тој.

Познато е дека Смит во текот на целиот живот се бори со телесната тежина, а во еден момент тежел 180 килограми, поради што подоцна ги променил животните навики и ја намали тежината на 95 килограми.