25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уште една планинарска несреќа за време на снежното невреме: Момче загинало при пад од карпа, неговиот десетгодишен брат преживеал на Алпите

Тринаесетгодишно момче починалo откако паднало од карпа на француските Алпи, додека неговиот 10-годишен брат го преживеал падот, објавија француските власти.

Рано утрово, по ноќната потрага околу 30 полицајци и членови на спасувачката служба, ги пронашле децата во подножјето на карпа висока околу 150 метри, во шума во скијачкиот центар Аворија, во близина на швајцарската граница.

Локалните медиуми објавија дека таткото ја повикал полицијата во саботата попладне откако децата не се вратиле од скијање.

Помладиот брат бил префрлен во блиската болница и е во добра здравствена состојба, објавијa медиумите.