15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран предупреди дека ќе продолжат нападите врз предградијата на Дамаск

Иран предупреди денеска дека ќе продолжат нападите врз предградијата на Дамакс, кои се контролирана од страна на терористи, додека на другите места Иран и Сирија ќе ја почитуваат резолуцијата за едномесечно примирје.

Резолуцијата синоќа беше усвоена од Советот за безбедност на ОН, со цел да се достави храна и да се евакуираат повредените и болните лица на територијата на Сирија.

„Ќе ја почитуваме резолуцијата за прекин на огнот, Сирија исто така ќе ја почитува. Примирјето не се однесува за делови од предградијата на Дамаск кои се под контрола на терористите и операциите таму ќе продолжат“, изјави камандантот Мохамед Бакери.

Според него, согласно текстот на резолуцијата на ОН, дел од предградијата на Дамакс, кои се под контрола на терористите од фронтот Ал Нусра и други терористички групи, не подлежат на примирјето.