24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Премиерот заигра традиционален индиски танц и го навлече на себе гневот на јавноста

Како да не беше доволно тоа што индиската јавност со денови го исмева за носење на нивната традиционална облека, канадскиот премиер, Џастин Трудо, одлучи да направи чекор понатаму – танцуваше како Индиец.

Додека рацете и нозете ги движеше во ритамот на традиционалниот индиски танц, бангра, публиката се собра околу него.

И додека присутните не го криеја воодушевувањето од танцовите потези на премиерот, социјалните мрежи го дочекаа „на нож“.

„Може ли некој да му каже дека Индијците не живеат како во боливудски филм“, гласи еден од коментарите.

„Некој би требало на секои десетина минути да го потсетува дека е премиер“, напиша друг корисник на Фејсбук.

Инаку, невообичаено долгата еднонеделна посета на Трудо во Индија веќе е оценета како катастрофа.

Индиските функционери го игнорираа од неговото доаѓање минатата сабота, а во отсуство на важни политички моменти, канадскиот премиер направи повеќе посети на знаменитости и предизвика исмејување поради танцовите и начинот на облекување.

Спонзорирано: