17.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Сопственикот на на познатото кафуле “Нина Кофи Шоп” доби затворска казна: Причината ќе изненади многумина

Сопственикот на кафулето „Нина Кофи Шоп“ во Чанбури, Тајланд, може да заврши зад решетки поради објавување на фотографии од келнерки кои на себе носат само престилки.

Поставувањето на фотографии и видео снимки од разголени келнерки на Фејсбук, на Празонг Сукорна може да му донесе казна до пет години затвор или парична казна од 3.168 долари.

Причината е прекршување на тајландскиот закон во врска со објавување на фотографии на социјалните мрежи. Педесетгодишниот сопственик вели дека немал намера да повреди некој, туку само да го рекламира своето кафуле.

Тој додава дека дошол до оваа идеја кога една манекенка му понудила помош за развој на бизнисот во замена за бесплатно кафе.

„Сопственикот се пожали дека никој не му доаѓа во кафулето затоа што е лоцирано далеку од центарот на градот, па затоа му понудив помош“, рекла 22-годишната манекенка идентификувана како Ариса Сонуванг.

Сепак, полицијата вели дека сопственикот веќе го прекршил законот, а отстранувањето на фотографиите нема да помогне.