Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тлото не се смирува: Позната јачината и епицентарот – Предмалку нов посилен потрес ја стресе Бугарија

Вечерва на 15 минути по полноќ нов посилен потрес е регистриран во Пловдив, Бугарија.

Според информациите земјотресот бил со јачина од 3.8 степени според рихтер и се случил во 00 часот и 15 минути, со епицентар на 6 километри од Пловдив.

Вечерашниот потрес предизвика нова вознемиреност кај жителите на овој град во соседна Бугарија.

Инаку и синоќа земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер околу 1,44 часот по бугарско време е почувствуван во Пловдив, Асеновград и Софија.

Епицентарот на земјотресот бил на 2 километри североисточно од Асеновград, на 17 километри југоисточно од Пловдив на длабочина од 10 километри.

Спонзорирано: