17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Времето се менува: Следува невреме од дожд и снег, а потоа уште поголем пресврт – временска за цела недела

Под влијание на серија влажни бранови во наредните денови ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и позастапени во западните делови од земјава.

Повеќе врнежи ќе има до четврток претпладне кога во овие делови локално се очекува да наврнат над 25л/м2, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми.

До петок ќе дува умерен југоисточен ветер.

Кон крајот на неделава ќе настапи позначително заладување.