12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата упадна во Тетово: Пронајдено оружје во Мала Речица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово пронашле автоматска пушка и рамка со шест куршуми во автомобил „Фолксфаген лупо“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Р.М. (33) од Горно Седларце, Тетовско.

Како што соопшти МВР, полицајците по претходно добиени сознанија вчера во 11:45 часот на улицата „172“ во селото Мала Речица го запреле возилото. При прегледот на возилото, пушката и рамката со куршуми биле пронајдени во торба на задното седиште.

Р.М. бил приведен и задржан во Полициската станица Тетово, а обезбедено било и возилото што го управувал.

Подоцна, во станот во кој живеел под кирија во Тетово, биле пронајдени 26 куршуми со калибар од 7,62 милиметри.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Р.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.