12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Крвав инцидент во Министерството за надворешни работи – Фрчеле тупаници во центарот на Скопје

Двајца вработени во Министерството за надворешни работи се степале во канцеларија.

Од полицијата не откриваат детали за инцидентот и зошто дошло до тепачката.

Според информациите на МВР, вчера во 16,40 часот, Т.Р.(41) од Скопје пријавил дека истиот ден во 15:20 часот, во канцеларија во зградата на Министерството за надворешни работи на улица „Филип Втори Македонски“ во Скопје, физички бил нападнат од В.С., со кого ја делел канцеларијата.

Според пријавата, додека Т.Р. работел, В.С. го нападнал со повеќе удари со тупаници во пределот на главата и телото.

На Т.Р. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Спонзорирано: