24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Снег во Македонија – еве каде вее во моментов

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на планинскиот превој Стража и на Попова Шапка, а со послаб интензитет во Маврово и на планинските превои Ѓавато и Пресека.

Во Крушево врнежите се од дожд и снег.

Овие врнежи во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40 метри има на патниот правец Тетово – Шипковица, до 100 метри во Крушево и на планинскиот превој Ѓавато и до 70 метри на планинскиот превој Плетвар.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци:

Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.