22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Цело Батинци синоќа се „крена на нозе” – настрада полицаец

Драма синоќа во 20 часот се одвивала во скопско Батинци, кога бил забележан непознат маж во една куќа. Полицијата добила пријава дека во куќа на улицата „1“ имало непознато лице.

Полициски службеници извршиле преглед и во куќата било пронајдено едно непознато лице. Во тој момент пред куќата почнале да се собираат жители на селото, кои сакале да го фатат сторителот. Полициските службеници го извадиле надвор од куќата и во моментот додека се обидувале да го стават во службеното возило, од позади грб се доближило лице од селото кое сакало да го удри приведениот, но го промашил и со тврд предмет удрил еден од полициските службеници во левата нога.

Полицискиот службеник бил пренесен во градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани телесни повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.