22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Снегот ја затвори Ајфеловата кула но ги израдува туристите

Снегот и смрзнатиот дожд што ја зафати Франција, доведе до затворање на Ајфеловата кула но туристите се радуваат на побелениот Париз. Тие имаа несекојдневна можност со сноуборд да се лизгаат на падините на Монмартр.

Ајфеловата кула, најпосетениот споменик на Париз, била затворена цел ден а посетители нема да бидат примани ни утре. Објектот е затворен заради безбедност на посетителите, соопштиле надлежните служби за управување со кулата.