23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: Турски хеликоптер соборен во Сирија

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека турски воен хеликоптер бил соборен за време на воената офанзива на Анкара против курдската милиција во северна Сирија.

„Еден од нашите хеликоптери беше соборен“, рече Ердоган без да посочи кој е одговорен, но вети дека виновниците ќе платат повисока цена.

Агенцијата „Анадолија“ објави дека инцидентот се случил во јужната покраина Хатај.