24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ ја остави Општина Карпош во криминал и долгови, велат од СДСМ

Изнесувајќи куп лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција, всушност, даде осврт на сопственото владеење во општина Карпош, заедно со коалициониот партнер Стевчо Јакимовски. ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партнер Јакимовски ја третираа Општина Карпош како приватна сопственост која беше заробена од урбаната мафија и тонеше во долгови и криминал. Таквото самоволно владеење на ВМРО-ДПМНЕ ја направи Карпош една од најзадолжените општини со долг од 14 милиони евра, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според владејачката партија, за разлика од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните се трошеа за луксуз, новата локална власт предводена од СДСМ работи на спроведување на зацртаните мерки и стабилизирање на финансиската состојба на Општината.

„Јавноста веќе беше информирана дека во изминатиот период започната е реализација на повеќе капитални проекти, како што се целосна реконструкција на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2, градба на нова градинка во Бардовци, се презедоа и интервентни мерки за справување со загадувањето. Градинките и училиштата се снабдуваат со прочистувачи на воздухот, се стопираа градежните активности под надлежност на Општината, а Општината отвори и еколинија за пријавување загадување на отворено.

И покрај наследената лоша финансиска состојба, донесен е стабилизационен и развоен буџет, во кој се предвидени и капитални проекти за 2018 година. Оваа година започнуваат низа други проекти во интерес на граѓаните од општина Карпош.

„Наместо да шират лажни вести, од ВМРО-ДПМНЕ треба внимателно да го следат работењето на Богоев и локалната власт предводена од СДСМ за да се уверат како Карпош од заробена и задолжена се менува во слободна и развиена општина“, се вели во соопштението.