22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски – Палмер во Стејт департмент: Потврдени сојузништвото и пријателството со САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Вашингтон оствари работна средба со Метхју Палмер, заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија, кој е дојден на местото на Хојт Ји во Стејт департментот, информираат од Центарот за комуникации на партијата.

На средбата Мицкоски нагласил дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија насочена кон интеграција во ЕУ и НАТО и реформите како клучни процеси кои треба да ја подобрат севкупната економска, политичка и социјална состојба во нашата земја како и во нашиот регион.

На средбата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало за актуeлната политичка состојба во Република Македонија, при што Мицкоски нагласил дека во овој момент граѓаните на Република Македонија се соочуваат со правна несигурност и злоупотреба на правосудниот и административниот систем со цел остварување тесни интереси на актеулната владејачка коалиција. Мицкоски на средбата нагласи дека е потребна одговорност за таквото однесување на сите поединци кои постапуваат спротивно на законите и ги злоупотребуваат институциите.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, на средбата со Палмер истакнал дека Република Македонија мора да остане посветена на стратешкото сојузништво со САД и градењето односи базирани на силна доверба и заемна почит.