12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Снег ја прекри Сахара – по втор пат оваа година (Фото)

Жителие на Аин Сефре, мало место во Алжир, оваа година по втор пат можеле да сведочат на невообичаена појава – снег.

Прв пат после 37 години снег паднал во декември 2016 година, а после тоа уште три пати.

Температурата во ова место во ова доба од годината обично изнесува помеѓу 6 и 12 степени Целзиусови.

Пред неколку дена снег го прекри и југот на Мароко после 50 години.

Метеоролошката служба на Мароко соопшти дека снег паднал во близина на Загора, на југоистокот на земјата, и дека тоа е последица на студениот бран.

Во Загора тогаш паднале пет до осум сантиметри снег.