12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Мистериозно куче се појавило од никаде за да ги предупреди полицајците на голема опасност (Видео)

Животот во изолација во шума има свои предности како што се мир, тишина, природа, нема бучава од сообраќај…

Меѓутоа, мана е што во случај на незгода далеку сте од било каква цивилизација. За среќа, во оваа приказна, едно куче успеало да го спаси денот.

Полицаецот Теренс Шаниган се изгубил на еден пат во Аљаска кога тргнал да истражи пожар.

Работите да бидат полоши, неговиот GPS закочил, па тој бил целосно изгубен – сè додека не забележал едно хиперактивно куче.

Бидејќи немал многу избор, одлучил да го следи и забележал како кучето по име Бади му дава знаци за да го следи.

Го следел по патот и на крај стигнал до куќата на сопственикот на кучето која била во пламен.

Овој германски овчар добил сребрен сад за своето херојско дело, бидејќи на својот сопственик му го спасил животот – по втор пат. Во минатото избркал мечки додека неговиот сопственик бил на риболов.

Погледнете го видеото и дознајте како Бади го довел полицаецот до куќата која била во пламен: